Во Прилеп се одржа Регионално првенство за лица со посебни способности
Денес, градоначалникот на Општина Прилеп заедно со Претседателката на Советот го посетија Регионалното првенство за лица со посебни способности кое се одржа во СОУ „Ѓорче Петров“.
Овој настан е доказ за талентот, посветеноста и ентузијазмот на учесниците, кои преку спортските активности покажаа дека границите постојат само во нашите мисли.
Општина Прилеп останува посветена на континуирана грижа и поддршка за лицата со попреченост, како и за центрите кои ги посетуваат, со цел да се обезбедат услови за нивна целосна инклузија и развој.


















