Купувале производи со веќе поминат рок, го менувале датумот, па потоа производите повторно ги пуштале во продажба
Во неколку земји-членки на ЕУ, полицијата откри криминална мрежа која што оперирала со повторно воведување храна (која била со поминат рок) во синџирот на снабдување. Како резултат на ова, уапсени се 27 лица во Литванија и Италија.
“Искористувајќи ги ранливостите во синџирот на снабдување првично предизвикани од пандемијата на Ковид-19, осомничените почнаа да набавуваат огромни количини храна и пијалоци со поминат рок” – истакна Европол.