ЖИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Мечка нападна овчари во прилепско Канатларци


Очигледно е дека мечките немајќи храна, започнуваат да слегуваат до најблиските села. Сето ова го потврдува фактот што вчера вечерта, мечка ги вознемирила жителите на прилепско село Канатларци. Врз основа на информациите што ги добивме од неколку жители на ова село, мечката била забележана како се движи кај м.в. Коријана во близина на селските трла.
Меѓутоа сето ова не завршува тука. Имено, мечката нападнала овчари, а овој случај е веќе пријавен во Ловното друштво “Мукос”-Прилеп. Во селото веќе постои паника, бидејќи жителите на ова прилепско село се загрижени за своите животи, како и за нивните стада кои во овој регион ги има на повеќе места.


















