Вчера во фоајето во НУЦК “Марко Цепенков” одличен концерт одржа Лазар Соколов во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова




Вчера во фоајето во НУЦК “Марко Цепенков”, одличен концерт одржа Лазар Соколов на кларинет и саксофон, во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова. Со концертот уметникот одбележа 10 години концертна и педагошка дејност.
Инаку, Соколов е роден 1987 година во Кавадарци, каде го завршува основното музичко образование како “Првенец на генерација 2002”. Средното музичко го продолжува во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј’’ Скопје, во класата по кларинет на проф. М-р Петар Колевски. Дипломира на ФМУ – Скопје кај проф. м-р Стојан Димов. Во 2012 се стекнува со звање магистер по кларинет, кај истиот професор. 2021 година, започнува со додипломски студии за саксофон, кај проф. М-р Нинослав Димов. Редовно посетува семинари кај познати педагози и изведувачи низ Европа: Никола Балдеру, Силви Хју-Париз, Карел Дохнал-Прага, Игор Франтишак-Острава, Петко Радев-Софија, Хорхе Монтија-Венецуела, Славко Ковачиќ-Словенија, Огњен Поповиќ-Србија, а бележи и големи успеси на државни и меѓународни натпревари за соло и камерна музика. Лазар, денес работи како професор по кларинет во ООМБУ “Лазо Мицев-Рале’’Кавадарци, каде стекнува награди за високи педагошки достигнувања. Учествува во жири-комисии на државните и меѓународни натпревари во Македонија. Од 2010, во дуо-состав со пијанистката Ана Арангелова, активно учествува во концертниот живот на Македонија и надвор од неа. Своето камерно и оркестарско искуство го бележи по настапите како солист со симфониски оркестри, соработка со камерниот ансамбл “Полифонија“ од Берлин, градските оркестри на Скопје и Кавадарци, оркестарот на МММ (Музичка Младина на Македонија), на реномирани фестивали “Охридско лето“, “Скопско лето“,“Денови на македонска музика“, “Кавадаречка културна есен“, “Кавадарци- град на културата“, “Заједно“ Макарска, Р. Хрватска, “Битолско лето“, настап со „Леб и сол“ на “Зајечарска Гитаријада“ Зајечар, Р. Србија, турнеа во Македонија со Леб и Сол. Од 2015 год. е член на клавирско трио (флејта – Силвана Ч. Атанасова, кларинет и саксофон – Лазар Соколов и пијано – Емилија Кабранова Филипова).