ЈКП КОМУНАЛЕЦ: Не е ништо тешко доколку се создадат позитивни навики за рециклирање

Сподели го ова:
























Почитувани сограѓани!

Со цел да ги исполниме националните цели предвидени во Националната стратегија за управување со отпад, и да имплементираме селекција на отпад на местото на неговото настанување, Ве замолуваме да ги користите поставените контејнерите за рециклирање на ситна електрична и електронска опрема, батерии и акумулатори кои се препознатливи и се поставени на места каде на кратко може да се застанете со автомобил и да се одложи овој вид на отпад. Во овие контејнери можете да одлагате ситен електричен и електронски отпад во кои спаѓаат уреди од мобилни телефони, сите видови ситни апрати од домаќинствата, мали монитори, до максиумум средна големина на принтери, како и батерии и акумулатори.

Во последно време зачестена е појавата на мешање на отпадот и неправилно користење на контејнерите за селекција на отпад. Во нив неправилно се оставаат разни видови обувки, облека, постели, но се користат и за мешан комунален отпад, што создава проблем на комуналните работници постојано истите да ги чистат, губејќи дел од работно време.

Затоа би Ве замолиле :

– Во контејнерите кои се поставени за селекција на хартија во плава боја да се одлага: картон, отпадна хартија, стари неупотребливи книги и тетратки, хартиени канцелариски неупотребливи отпадни материјали и сите видови на најлон, освен ќеси за еднократна употреба.

– Во мрежастите контејнери во жолта боја можете да одлагате: ПЕТ амбалажа, сите видови пластични пакувања од хемиски производи кои се користат во домаќинствата, боци, лименки, пакување од кечап, јогурт, туби, како и поситни производи од пластика на кој е втиснат занакот за рекилирање.

– Во жолтата канта во домаќинствата селектирајте: картон, отпадна хартија, стари неупотребливи книги и тетратки, сите видови на најлон, ПЕТ амбалажа, сите видови пластични пакувања од хемиски производи кои се користат во домаќинствата, боци , лименки, пакување од кечап, јогурт, туби, чаши од јогурт, детски пластични играчки, како и други производи од пластика на кој е втиснат знакот за рекилирање. Доколку имате поголеми неупотребливи производи од пластика, кои неможе да ги собере до жолатата канта како : пластични столици, пластични буриња, ролетни, гајби и др. оставете ги до жолатата канта, истите ќе бидат подигнати од Одделот за селекција на отпад.

– Во ИГЛО звоно контејнерите во зелена боја одлагајте само стаклена мабалажа.

– За секаков вид на габаритен отпад звонете на тел: 048/428 992. или со електронска пошта> presskomunalec@yahoo.com. Габаритниот отпад се подига секој четврток бесплатно.

– Градежен шут, отпад од градење, отпадна земја и поголеми количини на отпад од чистење на визби и домови на располагање се контејнери од 5м3, по цена од 1360,оо ден, како и трактор по симболична цена од 630,оо денари.

Наша обврска е да го подигаме, транспортираме и депонираме мешаниот комунален отпад, додека селектираниот отпад обврска ни е да го доселектираме, балираме, складираме и да го предадеме на овластен откупувач.

Обврска на секој граѓанин како и на вработените во бизнис секторот и институции е да ги почитуваат правилата за правилно третирање и управување со отпадот. Колку побрзо се навикнеме дека СЕКОЈ ОТПАД СИ ИМА СВОЕ МЕСТО, толку подобро ќе ни биде на сите заедно да создадеме и живееме во здрава и чиста животна средина.

Општина Прилеп, и понатаму е лидер во селекција на отпад. Но, сите заедно мораме да станеме свесни и совесни граѓани и да се гордееме со постигнатите цели во делот на правилно третирање и управување со отпадот.

Приоритена цел на сите треба да ни биде регионалното управување со отпад, каде општините мораат да спроведат селекција на отпад, со цел да се искористат употребливите корисни материјали, но и да се намалат количните на депонирање во Регионалната депонија која ќе профункционира 2026 -2027 година, каде општините ќе плаќаат по единица мерка / тон.

Не е ништо тешко доколку се создадат позитивните навики за рециклирање.

Следете го кружниот знак за рециклирање, кој ја означува кружната економија – ИЗВЕСТУВААТ ОД ЈКП КОМУНАЛЕЦ – ПРИЛЕП.




Сподели го ова:

Слични објави