ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ СООПШТИ УБАВА ВЕСТ: Мултифункционално игралиште во ООУ ,,Добре Јованоски” – Прилеп! Со здравје да си го користат учениците и нека помогне во нивниот физички развој!

Сподели го ова:



















Денеска во Прилеп, во употреба беше пуштено новото мултифункционално игралиште, кое што е плод на соработката помеѓу Општина Прилеп и со ООУ „Добре Јованоски“, во проектот на УНДП, „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.

На форумските сесии одржани во Прилеп, со претставници од сите институции како приоритет беа избрани „Реконструкција на отвореното спортско игралиште“ и „Дооформување на основното образование за возрасни“ во ООУ„Добре Јованоски“.

Сите сме сведоци дека ова спортско игралиште беше во лоша инфраструктурна состојба и навистина беше потребно да се рехабилитира и да се надогради со цел да се овозможат потребните услови за со кои што учениците и сите останати кои што ќе го користат ќе се социјализираат и интегрираат преку спортот.

Веста за пуштањето во употреба на новото мултифункционално игралиште, на социјалните мрежи ја објави претседателот на Совет при Општина Прилеп – Дејан Проданоски, при што истакна:





Аирлија!

Мултифункционално игралиште во ООУ ,,Добре Јованоски” – Прилеп!

Со здравје да си го користат учениците и нека помогне во нивниот физички развој! – порача Проданоски.

Очигледно е дека Проданоски и овој пат си достои на зборот и на ветеното, а доказ и реална потврда за ова е успешната реализација на ова ново мултифункционално игралиште.

Прилеп се развива!



Сподели го ова:

Слични објави