ПРИЛЕПЧАНЕЦ СО ГОЛЕМО СРЦЕ: Езѓан Алиоски со помош за загрозените од Турција и Сирија
Како што информиравме вчера, во претходните наши објави, припадници на АРМ се веќе во Турција каде на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата, и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на Турција. Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки живот каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди.
Еден од луѓето со искрено срце и душа кои помага на загрозените во Турција и Сирија, е македонскиот репрезентативец-прилепчанецот Езѓан Алиоски.
Преку линкот кој следи веднаш под текстот на оваа објава, погледнете како овој фудбалски репрезентативец несебично купува облека, и се што им е потребно на загрозените од земјотресот.
Браво мајсторе!