ВНИМАВАЈТЕ! Две млади лица фалсификувале банкноти и ги пуштиле во оптек како вистински!
СВР Велес против Д.Р. (21) и В.М. (22), двајцата од Велес, поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. При извршениот претрес во нивните домови, биле одземени скенер-принтер, компјутер, како и две банкноти од по 100 денари и една од по 1000 денари.
Имено, на 22.05.2023 во Велес, пријавените со употреба на скенер-принтер, фалсификувале банкноти (денари) и ги пуштиле во оптек како вистински.