ОФИЦИЈАЛНО! До 31.12.2024 ќе важат возачките дозволи со старото име
Попладнево, Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144-тата седница, го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка, според кој – возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Врз основа на измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ – се продолжува до 31.12.2024.
Коклу за потсетување, овие законски измени, беа на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Димитар Апасиев, Павле Трајанов и Аднан Незири.