Внимавајте доколку патувате надвор од градот! На Плетвар, возете внимателно – магла и намалена видливост до 50 метри на патот

Намалена видливост поради магла утрово има до 20 метри од селото Гајре до селото Лисец, како и на планинските превои Ѓавато и Плетвар до 50 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.


















