РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ! БИЛЕТИТЕ “СЕ ТРОШАТ КАКО АЛВА”
По барање на прилепската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски повторно доаѓа во Прилеп, меѓутоа премиерно само за прилепчани, ќе го изведе неговото најново, спектакулатно стендап шоу со наслов: “THE BEST OF со Никола Тодороски”. Станува збор за неговите најаки, најдобри и најспешни фори со помош на кои сите овие години наназад, Тодороски успева да го насмее цел Балкан!
Резервирајте 24/7 на телефон: 078/ 66-77-97 додека сеуште има билети!
Овој најнов стендап на Никола Тодороски со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи. Имено, Тодороски на 15-ти овој месец е во Битола, на 16-ти во Прилеп, а на 17-ти во Струмица. Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати. Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија.
По барање на прилепската публика, веќе е закажан најголемиот стендап спектакл во големата сала на Центарот за култура во Прилеп на 16.02.2023 година со почеток во 20:15 часот, сала која што со сигурност ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани прилепчани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара билет повеќе за настапот на Никола Тодороски во Прилеп.
Доколку и Вие сакате да бидете дел од најголемиот стендап спектакл кој ќе се случи во четврток на 16.02.2023 година во Прилеп, тогаш телефоните во рака и додека сеуште има билети резервирајте си на 078/ 66-77-97 и овозможете си ВИСТИНСКО СТЕНДАП УЖИВАЊЕ – какво што не сте виделе до сега!
Минатиот пат со Никола во Прилеп беше “јако”, ама овој пат ќе биде “прејако!!!”
Шоуто е забрането за лица на кои од страна на доктор му е препорачано задолжително да избегнуваат смеење на секои 10 секунди, и тоа цел час и половина – односно онолку колку што ќе трае ова спектакуларно стендап шоу!!!