Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Сподели го ова:





























Се предлага законското решение од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор.

Целта е да се направи интервентна измена, во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир како резултат на трагедијата во ноќниот клуб во Кочани што предизвика сериозни последици по животот на голем број граѓани. Имајќи ги предвид заложбите на сите релевантни структури во државата за понатамошно превенирање на ризиците од неовластена злоупотреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор, се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор.




Сподели го ова:

Слични објави