ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ПРИЛЕП: Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема катастрофа
Околу 13 часот во ТППЕ Прилеп, е примена пријава за техничка интервенција за вадење на заглавени лица при сообраќајна на едно ПМВ и едно ТМВ. Незгодата се случила на улица Карпалак во близина на силосите.
Повредените лица успешно се извадени од едното возило и предадени на брза помош за понатамошна постапка, а ТППЕ интервенираше со едно возило и четворица пожарникари.