АМСМ со известување до возачите кои ќе патуваат надвор од градот

Сподели го ова:























Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Сподели го ова:

Слични објави