Синоќа во Прилеп еден од најдобрите македонски актери, Жарко Спасовски, заедно со своите извонредни колеги од велешкиот театар ја одиграа театарската претстава “Синот портокал”

Сподели го ова:





























Синоќа во Прилеп, велешкиот театар “Јордан Хаџи Константинов-Џинот” ја воодушеви прилепската публика со претставата “Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат актерите Жарко Спасовски, Благојчо Стојанов и Фаик Мефаилоски. Драматургијата е на Катерина Момева, сценографијата на Филип Коруносвки, а автор на музиката е Сашко Костов.

„Синиот портокал“ е македонска праизведба на истоимениот драмски текст на британскиот автор Џо Пенхол кој во своите драми се занимава со современиот социолошки контекст, а ликовите за кои пишува се индивидуи кои бараат себереализција во општеството кое робува на бирократизација и меѓучовечки ривализам.

Станува збор за саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век. За првпат е поставена во 2000 година во Националниот Театар во Лондон и доживува голем успех освојувајќи ги наградите за најдобра драма на три престижни британски фестивали.

Во центарот на оригиналната пиеса се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, афроамериканец кој доаѓа од црнечкото гето, кој во постановката на драмата во Велешкиот театар се вика Ерџан и е ром, кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.




Сподели го ова:

Слични објави