ВНИМАВАЈТЕ: Клучката кај Салида сеуште е во мрак!

Сподели го ова:





























Клучката кај Салида сеуште е во мрак! – истакнуваат од Општина Прилеп во нивната објава која целосно Ви ја пренесуваме во прилог:

“Почитувани сограѓани,

Сакаме да ве известиме дека Општина Прилеп (комуналното одделение) со неколку официјални писмени барања како и многу телефонски јавувања се обрати до Јавното претпријатие – Државни Патишта во чија надлежност спаѓа јавното осветлување на влезот од Битола. За жал со месеци немаме добиено никаков одговор дека овој проблем, кој што претставува закана за безбедното одвивање на сообрајќајот би можел да биде решен.

Како Локална самоуправа понудивме доколку можи да ни биди дадена надлежност од ЈП Државни патишта и со сопствени ресурси како што го одржуваме јавното градско осветлување во општина Прилеп, ќе го решиме овој проблем за кој што имаме реакции од безброј наши сограѓани и учесници во сообрајќајот.

Транспарентно и одговорно, Општина Прилеп води грижа за своите сограѓани и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење” – истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави