ВМРО ДПМНЕ со порака до градоначалникот на Крушево: Граѓаните ќе ве пратат во пензија, уште во прв круг
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, излезе со соопштение каде со бројки и податоци се обрати до моменталниот градоначалник на Крушево, на кој му порачаa дека крушевчани за брзо ќе го пратат во пензија, и тоа уште во првиот круг.

“Доблест???
Доблест е особина која и после сè ја нема кај Вас.
Како и секогаш, лагите се Ваша особина.
Последен извештај од седница на Совет во 2025 година:
27.000.000 – Обврски на општина
45.000.000 – Обврски на ЈП “Комуна”
ЗА КАКВА ОПРЕМЕНОСТ ЗБОРУВАМЕ???
За тоа што затекнавте мора да проверите поточно, ниту тогаш ниту сега кажувате точни информации. Сè нешто е околу, околу ама ништо точно.
При промената на власта ЈП “Комуна” имаше долг околу 13.000.000 денари. ЗА РАЗЛИКА ОД ТОГАШ СЕГАШНИТЕ ОБВРСКИ СЕ 45.000.000 денари. ТОА СЕ БРОЈКИ ВО ИЗВЕШТАЈ ШТО СЕ РАЗГЛЕДУВАШЕ НА СЕДНИЦА НА СОВЕТ КАДЕ ИМАШЕ И ВАШИ СОВЕТНИЦИ. ИМАЈТЕ ДОБЛЕСТ И КАЖЕТЕ ЈА ВИСТИНАТА!
По однос на условите и опремата да не се правиме дека сè започна со Томе.
Во времето на локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ во Крушево набавени:
Возило за снег Скип – 1.200.000
Возило за смет – 3.600.000
Скип ровокопач и плуг за снег – 4.200.000
Специјално возило за смет
Езериште резервоар – 5.000.000
Каптажи, дренажи – 4.000.000
Цевковод “Дреновски извори” – 2.242.000
Водоводна мрежа во с.Норово – 2.200.000
Цевковод “Студенчица” – 17.000.000
Секундарна мрежа во Крушево – 4.500.000
Игралишта Гумење – 20.000.000
Спортска Сала во с.Бучин – 22.500.000
СОУ “Н.Н.Борче” столарија -1.200.000
ОУ во Норово – столарија 600.000
ОУ “Никола Карев”- котел за парно 880.000
За културни настани да не дискутираме.
(Само дел бидејќи долг е списокот)
И точно е тоа, дека разликата е огромна, но погоре е наведено како било домаќинско и еснафско. Ви напоменуваме, прашајте ги советниците какви се бројките, нека ви кажат!
На крај, срамно и жално е да се раководите со лаги.
За селективност зборувате????
Вашата селективност и запоставување на сите оние кои се со поинакво мислење, досега е невидено во историјата на општина Крушево. Па вие шајка не заковавте во Бучин, Св.Митрани, Врбоец, Милошево, Пресил, Пуста Река и сите други населени места.
Е сега, кој ја остави општината на колена??? И секако граѓаните референдумски ќе се изјаснат и ќе ве пратат во пензија, уште во прв круг” – порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево.
















