„Сè ме боли, а татко ми не дише“: 8-годишно дете викнало полиција по страшната сообраќајка кај Дреново
Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Дреново- Кавадарци. Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.
Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише’’ – соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
Се молиме за нив