Кој ќе го наследи Зоран Заев? СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер

Сподели го ова:


СДСМ на 12 декември оваа година ќе избира нов лидер кој што треба да го наследи Зоран Заев кој си поднесе оставка. Имено оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум ден, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае седум дена за што соодветно ќе информираме. По изборот на претседател, следува избор и на ново раководство на партијата.





Сподели го ова:

Слични објави