МВР го приведе актуелниот кочански градоначалник (во оставка), како и двајца други поранешни градоначалници од Општина Кочани
Поладнево се приведени Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов – сите поранешни градоначалници на Општина Кочани.
Акцијата за приведување на осомничени лица ќе трае во текот на ноќта, а обвинителството повеќе информации ќе соопшти во текот на утрешниот ден, веднаш по завршувањето на акцијата.















