Точно две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во нашата земја
Денеска се навршуваат точно две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во нашата земја, меѓутоа се поставува прашањето што се промени од тогаш?? Се променија многу работи, меѓутоа ако гледаме од здравствен аспект, она што е променето е дека денес продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени на дневна база во нашата земја. Според последните објавени резултати од Министерството за здравство регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 261
• Битола – 31
• Кавадарци – 24
• Прилеп и Велес – по 22
• Куманово – 18
• Тетово – 16
• Кичево – 14
• Гостивар и Штип – по 13
• Охрид – 12
• Крива Паланка – 11
• Струмица – 10
• Струга и Неготино – по 8
• Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5
• Дебар и Демир Хисар – по 4
• Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти.