ВИДЕО: Еве во какви услови учат студентите на дел од факултетите во Скопје
Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Веста ја потврдија и прилепски студенти кои учат на овој факултет.
Исто така, и на социјалните мрежи кружи видеото од „Студентска револуција“ на кое што може да се забележи дека поради дождовите, во текот на вчерашниот ден прокиснал покривот на факултетот.