ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на платите согласно тежината на работата за вистинска помош на народот

Сподели го ова:


ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на платите согласно тежината на работата за вистинска помош на народот. Во прилог, Ви го пренесуваме соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во целoст: “Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата.Исто така советник во некоја институција кој зема 24 илјади и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20 илјади денари согласно обврските и одговорностите  треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната.Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/ управник  кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000, мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата.Оттука предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е да се зголемат платите во државата согласно тежина и одговорноста на работата. Тоа значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. СДСМ најмалку што може е веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро, секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс. Секој ден поминат со нив на власт е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците”-истакнуваат ОД ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави