МИЛЕВСКИ СО МОЌНА ПОРАКА ДО ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРСКА ЗА КУЛТУРА: Да бидиш толку многу лошо вреднуван за тоа што си го работел како министер и тоа да резултира со губење на изборите во своето избирачко место, мислев дека е пристојно и човечки ова да се одмолчи

Сподели го ова:
























Во Собранието, денеска претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се очекува гласањето да заврши најдоцна на полноќ. Имено, на денешната седница пратеникот Пеце Милески упати реплика кон поранешната министерска за култура Костадиновска-Стојчевска.

„Само да ја потсетам колешката Костадиновска-Стојчевска после 1198, 1199 доаѓа 1200, не е 2000, но има време, ВМРО ДПМНЕ ќе има еден, друг, трет мандат, заедно со коалиционите партнери, ќе спроведе повеќе од 2000 проекти, не се секирајте ќе имате можност и да предложите нешто. Да си извикан толку многу, да бидиш толку многу лошо вреднуван за тоа што си го работел како министер и тоа да резултира со губење на изборите дури и во родното село на својот дедо партизан, со губење на изборите во своето избирачко место и со губење на изборите во Битола со повеќе од 15 илјади гласа мислев дека е пристојно и човечки ова да се одмолчи. Мислев дека ќе имате барем малку доблест и без око да ви трепне за тоа што сте ги предале идеалите од времето на партизаните, сте ги предале идеите и постоењето на државата.

Ама ете, бившата министерка за култура која ја порази културата во Македонија, а исто така и во Битола како културен, историски и цивилизациски центар, не најде за згодно да преќути, решила да не биде така, па стана да зборува. 400 милиони евра ќе се вложат во капитални инвестиции, колешке, за разлика од парите што вие ги делевте, со сите афери поврзани со Вас за поделбата на средствата од програмата на Министерството за култура на разни здруженија, поединци и асоцијации надвор од Македонија.

“Мора да се ослободиме, историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор”- е реченица која што вие ја имате кажано, во тој период кога сакавте да го цензурирате творештво…

“Мора да се ослободиме” – и граѓаните ја ослободија Македонија, тоа е единствената вистина која што успеавте да ја кажете додека бевте министер и да не зборуваме за намалените средства во буџетот итн… за кој што се потребни големи ребаланси за да се надоместат штетите во Министерството за култура.

Можеме да кажеме дека е направена вистинска катаклизма во државата, не катастрофа, и тоа не е само во култура, тоа е одлика на сите ваши колеги министри, со кои што сега сте во опозиција.

Лицемерно е да се седи тука во првиот ред, вие знаете како ја започнавте кампањата. Кампањата ја започнавте со користење на географската придавка, а потоа во меѓувреме сакавте лицемерно да ги прелажете гласачите и тој голем пораз стана огромен“ реплицираше пратеникот Пеце Милевски.




Сподели го ова:

Слични објави