ГОЛЕМ ПОЖАР: За малку ќе изгореше позната прилепска фабрика
Рeгионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп информираше дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот.
Од пожарот постоела голема опасност, да се запали фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти. Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп.