ВМРО-ДПМНЕ ИЗЈАВУВА: Функционерите на власта единствено работат за своите џебови, активната блокада продолжува, ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните

Сподели го ова:
























Функционерите на власта единствено работат за своите џебови, активната блокада продолжува, ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните-изјавуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое е наменето до граѓаните, Ви го пренесуваме целосно во прилог:

“СДСМ за овие години од кога е на власт докажа дека работи единствено за своите џебови.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, функционерите од СДСМ и ДУИ го оштетуваат буџетот на државата и се богатат.

Активната блокада продолжува, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.

Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро”-се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ




Сподели го ова:

Слични објави