СТЕРЈОВСКА-ЛОКВЕНЕЦ: Работиме, со цел да бидеме препознаени како родово сензитивна општина по сите основи

Сподели го ова:
























Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и заменик градоначалникот на нашата општина Ирена Стерјовска Локвенец, остварија средба и потпишаа Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, во рамки на Националната платформа за женско претприемништво. Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, на оваа средба се оствари конструктивен состанок на кој што беше истакнато дека во иднина Општина Прилеп, ќе продолжи да се залага за промоција и поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, како и кон нови работни места.

“Одржаната средба со претставници од Национална платформа за женско претприемништво во Општина Прилеп и потпишувањето на “Декларација за подобрување и унапредување на положбата на жените” од страна на Градоначалникот Борче Јовчески значи дека се трасира правецот за јакнење на капацитетите и можностите на жените во економските процеси. Со тоа се очекува и поголемо учество и придонес на жените во локалниот економски развој на Општина Прилеп. Работиме, со цел да бидеме препознаени како родово сензитивна општина по сите основи”-истакна заменик градоначалникот на општина Прилеп-Ирена Стерјовска.




Сподели го ова:

Слични објави