ВИДЕО-Градоначалникот Јовчески со моќен говор: “Овој ден треба да биде потсетување,  младите и идните генерации да не заборават каде се родиле, растеле и каде живеат, и да придонесат за неговата подобра иднина”

Сподели го ова:




На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп  по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески пред присутните одржа можен говор: „Прилеп е Град Херој! Епитет кој гордо го носи веќе 77 години, нераскинливо поврзан со животот на Прилеп, неговото минато, нашата сегашност и иднината на нашите најмили. Заслугата да бидеме Град Херој е на сите кои дале придонес за тоа, особено на   паднатите борци, и на 15-те народни херои. Прилепчани отсекогаш го имале своето достоинство, гордоста, но и желбата за слобода, просперитет…Денешниов ден  е потсетување и славата за нивното дело. Денеска го славиме она што тие го замислиле и оствариле. Славиме слобода, славиме правда и  демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење. Без нив, ова ќе беше невозможно.  Овој ден треба да биде потсетување,  младите и идните генерации да не заборават каде се родиле, растеле и каде живеат, и да придонесат за неговата подобра иднина. Оттука порачувам сите заедно да ја  чуваме слободата затоа што  нивната жртва не била залудна! И покрај се, сплотено да го градиме и развиваме нашиот град за подобро утре на сите нас!  Да собереме сила, да ја искористиме можноста и да создадеме подобра иднина, за поквалитетен живот, на сите! Да се избориме за поголем локален економски развој, подобра инфраструктура, поквалитетно образование и здравство, напредок на полето на културата и спортот и најважното, да си ги задржиме нашите деца, тука, блиску до нас, во нашиот град! Знам дека пред нас ќе се појават безброј предизвици, проблеми и потешкотии. Но уверен сум дека  сите заедно цврсто, и храбро, домаќински и чесно , и со макотрпна  и посветена работа ќе го направиме Прилеп град за пример, град во кој што развојот и напредокот ќе одекнуваат. На крајот упатувам искрени честитки до овогодишните  лауреати, добитници на наградата 3-ти Ноември. Драги мои, гордејте се со вашето достигнување!  Затоа што се гордееме и ние и градот што имаме сограѓани  чии  квалитети се опшетсвеното прифатени во заедницата. Нека ни е честит и долговечен, 3-ти Ноември“, истакна градоначалникот Јовчески во своето обраќање.





Сподели го ова:

Слични објави