ПОСЛЕ ДОЖДОТ ДОАЃА СОНЦЕ: Од денес стабилизација на времето и сончеви периоди

Сподели го ова:


























После интензивните врнежи од дожд и облачното време, веќе од денес, па наредните две недели кај нас температурите ќе го најават доаѓањето на она “типично вистинско лето” кое ќе биде проследено со голем топлотен бран. Оваа недела, целата наша земја ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од Африка.

Во однос на температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст и истите се очекува да достигнат до 35 степени, а во Прилеп и прилепско ќе достигнат до 31-виот степен.

 Исклучок ќе имаме само оваа среда, кога попладне ќе имаме нестабилно време во западните делови.




Сподели го ова:

Слични објави