Владата останува на стаклени нозе-60 пратеници се на страната на Владата, а најмалку 60 пратеници сакаат Владата да падне

Сподели го ова:


Врз основа на процедурите на Деловникот во македонското собрание Талат Џафери вчера ја затвори седницата и истакна дека Владата останува. Владата останува-60 пратеници се на страната на Владата, а најмалку 60 пратеници сакаат Владата да падне. Еве што истакна вчера Џафери: “Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт”, истакна Џафери.





Сподели го ова:

Слични објави