Денеска состанок на Комисијата за заразни болести-зголемен е бројот на заболени од Ковид-19

Сподели го ова:


Денеска состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести каде што ќе бидат слушнати сите предлози и согледувањата во однос на сите последни анализи на состојбата во нашата земја со Ковид-19. – Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот долг временски период. Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека треба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти- истакна Филипче.





Сподели го ова:

Слични објави