Тимот што победува – не се менува! Вчера вечерта, вработените во НУЦК Марко Цепенков прославија 45 години успешно постоење на Центарот за култура

Сподели го ова:


























Во ликовниот салон (фоаје) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вчера вечерта во 18:30 часот, беше отворена изложбата на дела од Ликовната колонија „Дрен 2024“, а воедно имаше и свечен коктел каде вработените во НУЦК Марко Цепенков и нивните пријатели прославија 45 години успешно постоење на Центарот за култура.

Во овој роденденски месец во НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп, веќе се реализираа десетина концерти, а следуваат уште концерти, проекција на филмови, изложби, театарски претстави и одбележување на 70-годишнината од издавањето на Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.




Сподели го ова:

Слични објави