Јовчески и Проданоски во посета на “Комфи Ангел”
Денес прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски ја посетија една од најголемите општествено-одговорни компании во Прилеп, Комфи Ангел.
Во комплетно нов амбиент и исклучително пријатна работна атмосфера, беа пречекани од страна на сопственичката на оваа компанија, Ирена Јакимовска.
На средбата беше разговарано за начинот на работа на Комфи Ангел и за нивното огромно значење на економски план за општина Прилеп. Од страна на Општина прилеп на оваа средба беше истакнато дека Локалната самоуправа секогаш ќе биди партнер на компаниите, со цел подобрување на Локалниот економски развој во Прилеп.
Имавме прилика непосредно да видиме дел од процесот на производство на сите продукти кои ги нуди оваа компанија и да оствариме контакт со вработените во истата. Од оваа посета, како градоначалник, можам да заклучам дека Прилеп во иднина ќе има уште посилна и постабилна економија благодарение на ваквите компании кои одлично работат на домашен но исто така и на меѓународниот пазар – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.