“Витаминка” и познатиот Флип донесоа безброј насмевки во прилепската болница по повод Светскиот ден на детето

Сподели го ова:






























Денеска беше одбележан светскиот ден на детето во прилепската болница – радост и насмевки за најмалите херои! 🎈💙

Денес, 20 ноември, по повод Светскиот ден на детето, детското одделение при прилепската болница го одбележа овој значаен ден на најубав можен начин – со музика 🎶, дружење 🤝 и изненадувања!

Благодарение на иницијативата на раководителката на одделението, д-р Тавчиоска, имавме чест да ги угостиме нашите пријатели од „Витаминка“ заедно со омилениот Флип . Тие донесоа многу подароци, насмевки и шарена радост, претворајќи ја болницата во место полно со топлина и детска енергија. Нашето мото е: „Секое дете заслужува здравје, среќа и љубов!“ Овој ден е потсетник дека сите ние – како поединци, институции и заедница – сме одговорни за заштита, поддршка и грижа за најмладите. Ви благодариме на сите што учествувавте, помогнавте и придонесовте да им подариме насмевки на децата кои во моментов се лекуваат во нашата болница”. Особена благодарност упатуваме до Марија Колеска, ученичка во Основното музичко училиште, која со својата гитара создаде прекрасен музички амбиент за сите присутни деца и нивните родители. Голема благодарност и до Иво Кедиоски, ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, кој со својот фотоапарат го овековечи секој незаборавен момент од овој ден” – порачаа од прилепската болница.




Сподели го ова:

Слични објави