Честит 18-ти Август, денот на АРМ
Денеске е 18 август, денот на АРМ, а по тој повод претседателката Силановска – Давкова им оддаде признание на припадниците на Армијата за дисциплинираното, совесно и одговорно извршување на воените должности, како дома, така и во странство, преку учество во бројни мировни мисии.
Како што истакна Силановска – Давкова, Армијата дава поддршка на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби, како што се пожарите на територијата на целата држава, секогаш правејќи го тоа професионално и пожртвувано и поради тоа, континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓани.