ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Прилепчани тешко ги поднесуваат горештините

Прилеп, како и останатите градови во нашава земја, деновиве е зафатен од голем топлотен бран кој што ќе трае и наредниве денови. Покрај прилепчани, и жешкиот асфалт во централното градско подрачје, денеска беше сведок на пеколните температури.
Како резултат на високите температури, и врз основа на она што нашата информативна екипа можеше да го забележи денес низ прилепските улици, може да се констатира дека прилепчани-мошне тешко се справуваат со летните горештини, а ова посебно се однесува на постарите лица, кои денеска во центарот на Прилеп се освежуваа на фонтаните во центарот на градот. Имено, овие пеколни летни температури ќе траат до среда, а воедно и до овој ден од работните обврски се ослободени бремените жени и лицата над 60 години.
Информативниот тим на STANICA.MK Ве советува да ги следите препораките од Вашите лекари, и доколку немате потреба да не се изложувате на сонце и на високите температури-посебно во попладневните часови, кога температурите го надминуваат и 40-тиот степен.