Од утре, цените на горивата се намалуваат од 1 до 1,5 денари

Сподели го ова:























Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 0,89% во однос на одлуката која беше донесена на 22.07.2022 година.

Врз основа на новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден /лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во “Службен весник и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а ќе отпочне да се применува
од 00:01 часот на 26.07.2022 година.



Сподели го ова:

Слични објави