ВИДЕО: Стефан Лазаров откри дека прилепчанката Цене лаже, а бара помош од народот??
Денеска е недела, тоа е денот кога прилепчанката Цене Маџуни скоро редовно просеше пред црквите за да барем малку дојдат до парче леб.
Прво, секоја чест за јутуберот Стефан Лазаров кој за емисијата Срце на дланка вика дека пред да снимаат нешто, прво треба да истражат дали сето тоа е вистина, па после да го пласираат во јавноста.
Второ, секоја чест и за емисијата Срце на дланка, која искрено прави напори да им помогне на оние луѓе на кои им е потребна помош, па врз основа на нивниот тв прилогот, народот да се информира за таквите семејства и да помогне онаму каде што е најпотребно.
Трето, секоја чест и за Цене Маџуни – нашата прилепчанка за која сите знаеме во каква состојба се наоѓа. Станува збор за жената која прави огромни напори за да дојде до парче леб. Можеби некој неа ја навел во емисијата да кажува мали лаги, меѓутоа како и да е, неа и треба многу поголема помош. Сите знаеме, жената е добродушна, можеби токму неа некој ја навел или ја принудил да лаже, меѓутоа жената има добро срце, и станува збор за измачена жена која е изиграна од животот.
Во прилог погледнете го видеото на јутуберот Стефан Лазаров кој направи разговор со Цене во нејзиниот стан.