ВИКЕНДОВ КОЈ ИЗМИНА, БИТОЛА БЕШЕ ДОМАЌИН НА Ф4 ЗАВРШНИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР ВО ПИОНЕРСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Сподели го ова:






























Изминатиот викенд Битола и РК Еурофарм Пелистер беа домаќини на Ф4 завршниот турнир за шампион на Македонија во пионерска конкуренција.

Нашите млади надежи, пионерите на РК Еурофарм Пелистер, завршија на второто место, а она што радува е дека спортската сала “Боро Чурлевски ” беше исполнета, а ракометна Македонија има иднина. Им честитам на шампионите на Македонија во пионерска конкуренција, ракометарите на ГРК Охрид и на третопласираните РК Вардар 1961 и четвртопласираните РК Алкалоид од Скопје.

Спортот е нашиот најголем амбасадор, вложувањето и посветеноста вродува со плод, а за тоа е доказ и овој Ф4 каде имавме можност да ги гледаме идните ѕвезди на македонското ракометно небо, наследните на сегашните и поранешните ракометни легенди!” – порача битолскиот градоначалник Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави