Богат фолклорен викенд во Битола! Денеска е третиот ден од 55-то издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Сподели го ова:































Под слоганот “Денес за утре“ веќе трет ден во Битола се одржува најновото 55 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола кој ќе трае до 31 јули.

Во 1971 година, во Македонија, една голема идеја, една желба на група стручни луѓе, ентузијасти, сонувачи, визионери, стана стварност. Се создаде жариште, вруток, срце на еден културен организам, кое што силно пулсира, мотивира, иницира, поттикнува, едуцира. Од 1971 година па се до денес, Битола и Илинденските Денови го собираат целиот фолклорен свет на едно место -во убавата, конзулска Битола.




Сподели го ова:

Слични објави