Во Прилеп одржана конференција на тема „Дигитализација“ во организација на француската амбасада и Францускиот институт во Скопје

Сподели го ова:


Градоначалникот Борче Јовчески, во присуство на Сирил Бомгартнер, амбасадор на Француската Република во Република Македонија и претседателот Стево Пендаровски, денеска беше присутен на конференцијата на тема „Дигитализација“ во организација на француската амбасада и Францускиот институт во Скопје. Конференцијата која се реализира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија,  беше отворена со поздравното обраќање на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Наша заложба, како Локална самоуправа, е создавање модерна и ефикасна јавна администрација преку дигитализирање на општинските услуги, со единствена цел побрзо и поефикасно задоволување на потребите и барањата на граѓаните. На тој начин со една ваква дигитална трансформација верувам дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите, ќе ја подигнеме на повисоко ниво и сите заедно ќе дејствуваме за подобрување на квалитетот на јавните услуги воопшто.“ – посочи градоначалникот Јовчески во своето обраќање

На конференцијата беа присутни и Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудио-визуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во Гугл и поранешен Генерален директор на ARCEP, Филип Стојановски директор за партнерства и развој на ресурси, НВО Метаморфозис, Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци и Бојан Кордалов, комуниколог, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи.

На панел дискусијата се слушнаа различни мислења од млади, студенти од Економскиот факултет – Прилеп и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје, франкофони средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, од Гимназијата „Кирил и Методиј“ – Неготино, од Средното економско училиште „Васил Aнтевски Дрен“ – Скопје, како и претставници од Коалицијата на младински организации СЕГА и од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан – РИКО.

За време на денешната посета на Општина Прилеп, претседателот Пендаровски и амбасадорот Бомгартнер остварија средба со градоначалникот  Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави