ЈОВЧЕСКИ: Прилеп, заедно со организаторите покажаа и докажаа дека знаат да приредат добра програма, одлична забава, секогаш вкусна скара и многу ладно пиво
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, истакна дека градот Прилеп оваа година имаше успешен фестивал на пивото.
“Успешен Фестивал на Пивото-2023! Можеби со многу скептицизам и неверување, но, сепак Прилеп, заедно со организаторите покажаа и докажаа дека знаат да приредат добра програма, одлична забава, секогаш вкусна скара и многу ладно пиво. А, сите гости и посетители со својата позитивна енергија, одговорија дека ваков Фестивал во Прилеп секогаш е добредојден и посакуван па макар и на крајот од летниот период. Фактите говорат дека трите дена од 1-3 септември, Фестивалот помина во најдобар ред без никакви инциденти, задоволни учесници, задоволни посетители, многу испијано пиво и изедена скара.
Во името на Општина Прилеп изразувам огромна благодарност до сите што учествуваа, до сите кои што го посетија и до сите што помогнаа и придонесоа Прилеп да биде епицентар на одличната забава” – истакна Јовчески.