Проданоски до ФК “Големо Коњари”: Ќе ги ставиме сите ресурси да ви помогнеме на секој можен начин

Сподели го ова:


























Прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до ФК Големо Коњари за освојувањето на првото место во Третата Mакедонска Фудбалска Лига – Југ!

Искрени честитки до ФК Големо Коњари за освојувањето на првото место во Третата Mакедонска Фудбалска Лига – Југ! Овој извонреден успех е резултат на вашата напорна работа, посветеност и тимски дух. Ви посакувам многу успех и пласман во Втората Mакедонска Фудбалска Лига. Знам дека имате потенцијал и квалитет да го постигнете и овој голем успех. Треба да знаете дека имате безрезервна поддршка во остварувањето на вашата заложба за влез во Втората Лига. Ќе ги ставиме сите ресурси на располагање да ви помогнеме на секој можен начин на овој пат. Честитки и до сите жители на Големо Коњари за несебичната поддршка на клубот! Вашата верност и ентузијазам се важен дел од успехот на тимот.Посебна честитка до раководството и сите играчи на овој мал, но значаен фудбалски клуб за Општина Прилеп. Вашата страст и посветеност се пример за сите!” – порача пратеникот Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави