СЕКОЈА ЧЕСТ: Прилепските Весели ѕвончиња ги наполнија плоштадите во Охрид и Битола

Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, вчера одржа уште два своите концерти на плоштадите во Охрид и Битола. Имено вчера-25.06.2022 година во најновото фестивалско издание уживаа најмладите од Охрид и Битола. Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” својот настап на охридскиот плоштад во охридската чаршија го започнува во 18:30 часот, а веднаш потоа, истата вечер овој најактуелен детски фестивал настапи на плоштадот “Магнолија” во Битола како дел од БИТОЛСКИОТ – KIDS SUMMER FEST. Вчера пред настапите, Веселите Ѕвончиња имаа одлична дружба во Охрид, а воедно исто така се започнаваа со културно историските споменици и знаменитости на градот Охрид и Битола. Настапот на Веселите ѕвончиња беше проследен со огромен број на публика, не само од Охрид и Битола, туку и од голем број на странски туристи кои уживаа во песните на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.
Колку за потсетување, минатиот месец, прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско издание кое за еден ден одржа две фестивалски претстави, а салите беа преполни, бидејќи секој сакаше да го погледне овој најактуелен детски музички фестивал. Како што знаеме сите, овој детски музички фестивал, од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД. Оваа година, публиката имаше можност да слушне 16 ново-компонирани детски хитови, кои освен учесници од Прилеп, песните ги испеаа и учесници од повеќе градови од нашата Македонија. Доколку и Вие сакате да бидете дел од наредното фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” каде што настапуваат деца од цела Македонија, тоа Вашите родители ќе можат да Ве пријават на 078/66-77-97.
Прилепски, детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал каде што се создаваат весели, детски-музички спомени.