ВИЕ ПРАШУВАТЕ – НИЕ ВИ ОДГОВАРАМЕ 24/7: Еве како ќе сообрајќа градскиот јавен превоз во однос на “линија 3” во наредните денови
До нашиот информативен тим за неполни 24 часа, пристигнаа над 70-тина пораки каде граѓаните не прашуваат како наредниве денови ќе сообрајќа градскиот јавен превоз во однос на “линија 3”, и дали истата линија ќе сообрајќа по нејзината секојдневна маршута, бидејќи во јавноста се шират погрешни гласини дека оваа линија овие денови ќе биде прекината заради изведување на градежни активности на ул.Леце Котески.
Врз основа на ова, нашиот информативен тим ја провери ваквата информација, при што можеме да констатираме дека станува збор за шпекулација. Имено:
Се информираат сите корисници на јавниот градски превоз поради изведување на работни активности на улица Леце Котески, во наредниве денови ЛИНИЈА 3 ќе сообрајќа до пекара МАЈА.
Врз основа на ова, “паѓаат во вода” сите лажни гласини дека оваа линија наредниве денови ќе биде во целосен прекин.
Во иднина, читајте само проверени информации кои се добиени од сигурни извори!
Со почит, “СТАНИЦА.МК”