ВИДЕО: За кого? ЗА ТОШЕ!! Меморијален меѓународен турнир во мал фудбал „Тоше Проески-2025“

Сподели го ова:































Крушево се подготвува да ги пречека учесниците во Меморијалниот меѓународен турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на Тоше Проески.

Годинава турнирот ќе го прослави својот јубилеј, 15 години откако во Крушево се игра мал фудбал во деновите кога се одбележува роденденот на Тоше. На турнирот ќе учествуваат 5 екипи кои на 25-ти јануари во спортската сала во Крушево, ќе одиграат 6 натпревари во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Со своја екипа ќе учествуваат домаќините (крушевчаните), за кои специјално за настанот ќе допатува и екипа од Нова Градишка од Хрватска, екипа од НЛБ Банка, Млекар од Коњари и ANN Energy oд Кичево.

Без сомнение, ова ќе биде уште еден убав спортски настан исполнет со меѓусебно дружење и спортско надигрување. Натпреварите ќе се играат во Спортската сала во Крушево, а влезот е слободен, па доколку сакате да гледате убави и интересни натпревари во мал фудбал, оваа сабота се гледаме во Крушево. Организатор на фудбалскиот турнир е Друштвото на бизнисмени – Власи „Мандра“ од Скопје.




Сподели го ова:

Слични објави