Крушево ги отвори вратите за висока делегација од областа на културата

Сподели го ова:





























Во духот на крушевското гостопримство, денес крушевскиот градоначалник Нико Чонески, ги “отвори вратите” на Крушево за висока делегација од областа на културата, предводена од Министерот за култура и туризам на Република Македонија, господин Зоран Љутков, заедно и државниот секретар во министерството, г-ѓа Марија Станчевска-Ѓоргова.

“Особено задоволство ми претставува што во Крушево ги пречекуваме и гостите од Република Србија, предводени од Министерот за култура, господин Никола Селаковиќ, чија посета е силна потврда за значењето на културната соработка и меѓусебното почитување меѓу нашите земји.

Крушево, како град со богато историско и културно наследство, отсекогаш бил и останува место на дијалог, уметност и духовна размена.

Ваквите средби се потсетник дека културата ги надминува границите и времињата, поврзувајќи нè преку заеднички вредности и визии за иднината” – истакна Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави