Менкиноски денеска на суд бидејќи го развеал знамето со сонцето од Кутлеш во знак на поддршка на уставобранителите

Сподели го ова:


























Адвокатот Тони Менкиноски доби пријава бидејќи го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид, а сето тоа беше како знак на поддршка на уставобранителите на 27 април оваа година. Врз основа на неговата пријава, поголема група на граѓани вчера вечерта во 18 часот се собраа пред Собранието, каде дадоа масовна поддршка за адвокатот Менкиноски под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“.

„Ние си имаме право да си го вееме македонското знаме. Утре е судењето – па не очекувам ништо друго освен да ме ослободат. Како прво и основно не постои закон кој може да нѐ спречи да го вееме македонското знаме. Поради таа причина, против мене е поднесено обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи и тие самите не знаеле како да го нормираат обвинението. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го користат ова сонце“ – истакна Тони Менкиноски во текот на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави