ВИДЕО – У.Ж. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп: Сакаме да ја активираме женската популација и да делуваме превентивно
Денеска во центарот на Прилеп, Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп како и секогаш, така и денес, преку својата денешна активност грижата на жената ја издигнаа на едно највисоко морално и општествено ниво.
“Денес го одбележуваме месец октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка и сакаме да ја активираме женската популација и да делуваме превентивно. Нашата цел е кај секоја жена во нашиот град да ја покренеме свеста за ова малигно заболување така што, ако навреме се детектира и правилно се третира, може да се спаси живот. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува борбата против ракот на дојка.
НИКОГАШ НЕ ЗНАЕШ КОЛКУ СИ СИЛНА СЀ ДОДЕКА ТАА СИЛА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИЗБОР ШТО ГО ИМАШ!!!” – истакнаа од У.Ж. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп на денешната нивна активност, која што наиде на голем интерес од страна на присутните граѓани.