“КОМФИ АНГЕЛ” ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “КОМПАНИЈА СО НАЈДОБРО ПРИМЕНЕТ СИСТЕМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА”
Текстилната индустрија Комфи Ангел од Прилеп покрај големиот број на награди и признанија кои ги има, се закити со уште едно, ново национално признание кое се однесува на грижата кон вработените за безбедност и заштита на здравјето.
“Среќни сме што иституциите го препознаваат позитивниот резултат од долгогодишното работење како во имплементацијата така и во надоградбата на Законот за здравје и заштита. Долгогодишната работа исполнета со многу љубов, енергија, време, финансии она што е најбитно овозможува континуитет на основниот фокус на нашата компанија, а тоа е заштита на човекот како основен капитал како во делот на здравје при работа, така и во делот на обезбедување достоинствени услови за работа. Едно големо браво до менаџерот за безбедност и здравје при работа, Кристина Грижоска и нејзиниот сектор, и секако големо браво за секој еден вработен во компанијата како дел на тој еко систем!” – истакнуваат од Комфи Ангел – Прилеп, прилепскиот гигигант од текстилната индустрија.
За да се постигне успех, потребна е макотрпна работа. Меѓутоа исто така потребна е една етичка-морална работа каде што треба да имате респект како за Вашиот најголем партнер, државните институции и државата, така и за партнерите кои се основачи на компанијата. Меѓутоа покрај сите овие претходно наведени, многу е битно да имате голем респект врз добавувачите, како и врз вработените кои го претставуваат оној најбитен капитал на една компанија. Сето ова претходно наведено е целосната слика за прилепската, но сепак светска компанија “Комфи Ангел” која што е лидер на пазарот кога станува збор за производството и продажбата на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови на квалитетни постелнини. Оваа компанија исто така е и лидер во својата работа која што се карактеризира со огромна посветеност, вистински начин на менаџирање, мотивирана работна сила, како и одлични човечки ресурси.